Охриѓани кои живеат во Австралија, го одбележаа празникот Св. Трифун и денот на вљубените со прекрасна забава која се одржа во „Ferraro reception“ во Мелбурн.
На забавата што ја организираше Охридското социјално друштво „Св.Наум Охридски“ настапи фолк пејачката Елена Георгиева.
Охридското социјално друштво „Св.Наум Охридски“, е една од најактивните организации на македонците во Австралија, а позната е и по хуманитарните акции кои редовно ги организира за помош на институции и ранливи категории граѓани во Охрид.
OhridNews