Илјадници граѓани на Охрид ја посетија манастирската црква посветена на Свети Еразмо Охридски, оддавајќи му почит на светецот кој на овие простори прв покрстил многу христијани.
манастирската црква Св. Еразмо
Култот кон Св. Еразмо е многу силен во Охрид и охридско. Колони автомобили можеа да се забележат на приодите кон манастирот, а многуброен народ стрпливо во редици чекаше да влезе во црквата.
Охриѓани го одбележаа Св. Еразмо
И оваа година неизбежна слика за празникот посветен на Св. Еразмо беа бројните панаѓурски тезги на кои се продаваше се и сешто, од сувенири до работи на кои и не им е место тука.
дел од продажниот асортиман на панаѓурот
Г. Момироски