Во репризата на минатогодишното четвртфинале охридскиот тим ја забележа првата плеј оф победа. Трета среќа беше натпреварот против МЗТ , тим кој минатата година ги елиминираше охриѓани од понатамошните натпреварувања.

Токму човекот кој минатата година им ја загорчи сезоната, оваа го донесе купот во Охрид и победнички ја започна серијата “подобар од три“ против своите.

Тимот составен од искусни кошаркари Богоев, Агоч, Гамбирожа, комплетиран со староседелците браќата Стојаноски и американецот Фрај покажа дека знае да победува кога е најпотребно.  

Нема лесни поени , нема лесни натпревари во разигрувањето , го знаат тоа во Охрид па победа против “реновираниот“ МЗТ и тоа како им беше потребна. Вратена е разнишаната самодоверба,а тимот покажа единство и желба за победа и пласман во понатамошната фаза.  

Охриѓани оптимистички патуваат во Скопје, в сабота на вториот натпревар од серијата најавувајќи победа и пласман во полуфиналето против Фени.

Подобриот од овај дуел патува на мегдан со шампионот Фени во Кавадраци , кој во серијата подобар до три ќе влезе со 1-0 предност.

М.П.