До вчера напладне официјално во просториите на КФМ немаше доставено ниту една понуда за организатор на најмасовното клупско натпреварување, но неофицијално актуелниот прволигаш Амак СП од Охрид пројави најголем интерес да биде домаќин на најуспешите екипи во машка, женска и младинска конкуренција.
Неизвесноста кој ќе ги организира куп натпреварите ќе биде присутна до ден денеска и од причина што објавениот конкурс овозможуваше да се пријават повеќе субјекти со уплата од 10 отсто од почетната сума за наддавање од 10.000 евра, во денарска противвредност.
Како стојат работите Амак СП ќе биде единствениот заинтересиран за организација на Купот, а доколку тоа навистина се случи охриѓани по третпат ќе имаат можност да ги проследат настапите на екипите кои во овој момент нудат квалитет за бројните љубители на кошарката (после 2001 и 2002 година). Годинава новина е тоа што покрај натпреварите во машка и женска конкуренција, на завршните натпревари предвидени за 11-14 март да се најдат и најуспешните младински екипи (мажи и жени).