Кошаркарите на АВ Охрид во единаесетта рунда од Втората кошаркарска лига ги очекува дерби средба со битолски Пелистер.
„Зелено белите“ сезонава немаат претрпено пораз на домашен терен, а најсилна закана за расипување на сметките се охридските кошаркари.
Охриѓани со стопроцетниот ефект во досегашните мечеви се изразити фаворити, но тоа ќе треба да го покажат и на терен.
Дерби средбата се игра во сабота со почеток во 18 часот.
Двојки: Тетекс – Академија ФМП, Водњански Лисици – Шкупи, Гостивар – Радовиш, Пелистер – АВ Охрид, Вардар – Ангели
Табела: АВ Охрид 20, Вардар 17, Гостивар 17, Водњански Лисици 17, Пелистер 17, Шкупи 13, Тетекс 13, Ангели 13, Академија ФМП 12, Радовиш 11.
OhridNews