Обожаватели од Македонија, меѓу кои најголема беше групата од Охрид, го бодреа стружанецот Даниел Кајмакоски на петиот елиминационен круг од шоуто X-Factor.
Даниел на гостите од родната земја им возврати со исклучително добар настап со кој обезбеди пласман во следниот круг од шоуто.
Неверојатно скромниот Даниел посвети дел од своето малку слободно време за дружење со гостите од Охрид и Македонија, но не ги заборави и останатите негови обожаватели со кои се фотографираше, делеше автограми прегратки.
Гостите од Охрид на членовите на жирито на шоуто им подарија охридски бисери и рачно изработен накит со логото на X-Factor од фамилијата Филеви и имаа можност одблиску да ја видат организацијата на најголемото музичко шоу во регионот.
Охридски бисер за жирито на X-Factor
OhridNews
фото: Емилио