Иако има уште неколку месеци до почеток на летната сезона, голем број охриѓани веќе го имаат уплатено својот летен одмор, благодарение на големите попусти и акции за рана уплата на аранжманите. Од охридските туристички агенции кои нудат вакви попусти велат дека од година во година расте интересот за рана уплата бидејќи се нудат значително пониски цени за аранжманите.
-Уплативме аранжман за Грција, за седум дена во студио. Бидејќи за уплата до први март следуваше попус од 20 %, за термин на почетокот од јуни плативме само 79 евра за двајца. Заедно со организираниот превоз, одморот ќе не чини околу 150 евра, што навистина е многу евтино, вели охриѓанка која веќе го испланирала своето летување.
Од Туристичката агенција „Елида Турс“ велат дека за разлика од лани, годинава забележале значително поголем итерес за раните резервации за летните аранжмани.
-Најбарани се аранжманите со апартманско сместување во сите грчките летувалишта како што се Лептокарија, Паралија, Парга, Фурка, Неи Пори, Ханиоти, Калитеа, но интерес има и за островите Тасос, Скијатос и Лефкада. Во моментов за дел од аранжманите актуелен попустот од 10 до 20% за рана уплата. Исто така интерес има и за аранжманите со хотелско сместување, велат од ТА „Елида Турс“.
Од туристичката агенција „ВИС ПОЈ“ велат дека од пакетите за рани резервации охриѓани покажале значителен интерес и за аранжманите за Турција
-Нудиме пакет аранжмани за Турција со чартер лет од Скопје меѓу кои најбарани се за Кемер, Аланија, Белек, Сиде и Лара. За овие пакет аранжмани се предвидуваат попусти за рана уплата до 30%, а во тек е и пролетната акција „Вис Пој ви подарува“. Исто така дестинации за кои има интерес за претстојното лето со попусти до 30 % за рана резервација се Пиерија, Халкидики, Тасос, Крф, Закинтос, Лефкада во Грција. Цените на аранжманите се различни во зависност од термините и видот на сместувањето, велат од ТА „ВИС ПОЈ“. Оттаму потенцираат дека користејки ја можноста за рана резервација клиентите може да го планираат својот летен одмор и квалитетно и економично.
Освен за раните резервации за летување, во овој период од годината интерес има и за велигденските и првомајските пакети .
-За Велигден и за 1-ви мај нудиме аранжмани за Пирин Голф во Банско, а нудиме и неколкудневни велигденски аранжмани за Прага, Виена, Дубровник, Сицилија, Будимпешта, Венеција, Милано и други дестинации. Посебно интересен е велигденскиот аранжман за островот Крф каде што се организира традиционална прослава на Велигден. Како атрактивни аранжмани за месец мај може да се издвојат пакет аранжманот со авионски превоз за Париз и аранжманот за Неапол-Соренто-Капри со поаѓање од Охрид, велат од „Елида Турс“.
Помеѓу атрактивните пролетни аранжмани од „ВИС ПОЈ“ нудат повеќе празничните понуди со авионски и автобуски превоз, како и индивидуални со сопствен превоз.
-Во моментов најатрактивни се – ексклузивниот тродневен аранжман за Истанбул по цена од 7.300 денари со сместување во хотел од 4 ѕвезди и поаѓање од Охрид, за кој има само уште малку слободни места и тродневниот аранжман за Софија по цена од 4.990 денари. Тука би наброиле и повеќе европски дестинации како што се Рим, Амстердам, Брисел, Виена, Будимпешта, Барселона, Венеција, Дубровник и други. Од богатата понуда Лето 2015 за Грција оваа година ВИС ПОЈ направи специјален избор за дводневни аранжмани за 1-ви и 24-ти мај за грчките ексклузивни летувалишта со навистина многу поволна промотивна цена од 21 евро по лице на ден во најубавите хотели на Грчкото крајбрежје. За Велигденските празници најбарани се аранжманите за Азурен брег и Италија, како и Бугарските спа центри Сандански и Банско со многу ниски вонсезонски цени, објаснуваат од „ВИС ПОЈ“.
Оттаму потенцираат дека освен пакет аранжманите, во секое време нудат организација на инивидуални патувања „креирај одмор по своја желба“, а оваа година значителен број од клиентите ја искористиле токму оваа понуда и за престојните празници избирале дестинации како што се Париз, Мадрид, Рим, Малта и Лондон.
Е.М
На крај би напоменале дека ВИС ПОЈ интензивно работи на ексклузивната понуда
,, креирај одмор по своја желба ,,. Оваа година значителен број од клиентите ја искористија токму оваа понуда за престојните празници избирајки дестинации како Париз, Мадрид Рим, Малта и Лондон .Избирајки дестинација на овој начин и користејки ја можноста за рана резервација нашите ценети клиенти сеуште можат да го планираат својот летен одмор квалитетно и економично , велат во Туристичката агенција ВИС ПОЈ.
Рана резревација нуди поголем избор со помал трошок ! Летувајте економично и квалитетно е пораката од ВИС ПОЈ !
Избирајки дестинација на овој начин и користејки ја можноста за рана резервација нашите ценети клиенти сеуште можат да го планираат својот летен одмор квалитетно и економично , велат во Туристичката агенција ВИС ПОЈ.
Рана резревација нуди поголем избор со помал трошок ! Летувајте економично и квалитетно е пораката од ВИС ПОЈ