– Не стартувавме онака како посакувавме со победа, но задоволен сум од залагањето и прикажаната игра. Ако го задржиме ваквиот ритам на игра може да се надеваме на поволен резултат против дрита – вели Гони Мерко за кого ова ќе е втор натпревар на охридската клупа.
Во првиот натпревар, есеноска, Охрид минимално со 1-0 ја совлада Дрита. Стрелец на голот од пенал беше Клечкароски. Минатата сезона охриѓани токму на теренот на Дрита ги освоија бодовите вредни опстанок со голто на Атај.
>>Викендов на програмата 17 – то коло во Втората и 20 – то во Првата лига
Дрита по 16 одиграни кола со 27 бода се наоѓа ан петто место.
Главен судија на мечот е Вељаноски Петар,а ќе му помагаат Лозаноски Злате – и Клочовски Васко сите од Битола.