Претседателот Радован Попоски и потпреседателот Менсур Рифат на ККК Стрмец од Охрид учествуваа на основачкото собрание на двата нови кајак кану клуба во Македонија.
Во градот – херој Прилеп за првпат се формира кајак кану клуб „Арка-Прилеп“ .
Претседателот на новоформираниот кајак кану клуб „Извор“ од с.Манастирец Македонски Брод Славчо Цветаноски смета дека во поречието има услови за развивање на сите водени спортови.
– Ќе дадеме се од себе младите да ги вклучиме во овој спорт , за да можат тие а и сите други љубители на овој спорт да уживаат во спуштањето по дивите води и во прекрасните предели на реката Треска од Македонски Брод до акумулацијата Козјак. Меѓу другото претседателот истакна дека на акумулацијата Козјак има идеални услови за одржување на регати и од меѓународно ниво.
Претседателот на ККК „Стрмец“ од Охрид Радован Попоски вети дека ќе се залага за развивање на ова спортска дисциплина во сите градови во Р. Македонија каде постојат и најмаку услови за нејзино опстојување
Според зборовите на Поповски, наскоро,
со поддршка на познатиот спортист и спортски деец, Благој Истатов, ќе
се обнови работата и на Кајак-Клубот во Дојран што ќе значи нов импулс
за кајакарскиот спорт на мирни води во Македонија.
По
добивањето на регистрациите за сите Клубови од страна на Агенцијата за
спорт на Р. Македонија, ќе биде свикано и Годишното Собрание на
кајакарската Федерација на Македонија.