Фудбалерите на Шкендија со победа го заверија пласманот меѓу осумте најдобри во Македонскиот национанален куп.  На Билјанини Извори, тетовци по втор пат го совладаа Охрид овај пат со 2-1.


По првичнито испитување на силите на средината на теренот, Затуроски ја имаше првата прилика но биеше покрај голот. Гостите беа опасни по нафрлените топки, но Усеинов на двапати не успеа да ги капитализира одличните нафрлувања на Беќири.

Во финишот на првото полувреме по акцијата на Маркоси , Шопоски нафрли а Атај ги доведе охриѓани во предност (1-0). До крајот на првите 45 минути Маркоски од работ на 16 –кот биеше покрај голот  на Пашовски.

На стартот на вториот дел охригани се обидоа да стигнат до втор погодок кој би ги направил натпреварот неизвесен, но така отворената игра остави многу простор за гостите.

По еден час игра во една мешаница во казнетиот простор најдобро се снајде Нухиу израмнувајќи на 1-1. По ова погодок домашните застанаа, а нивната заспаност ја искористи нововлезениот Хасани. Поставувајќи ги конечните 2-1.

Урам Имери : Задовлен сум од прикажаното на двомечот со Охрид. Мислам дека заслужено одиме понатаму. Нашата примарна цел оваа година е пласман во Првата лига, но нема лесно да се откажеме и од купот каде секогаш се можни изненадувања. 

М.П.