Охридските ракометари прокнижија нови три бодови на табелата во плејофот од Супер лигата совладувајќи го тимот на Борец во Велес со 33-27 (15-12) во седмата рунда од првенството.

„Гладијаторите“ до четвртата победа во седмиот натпревар во плејофот стигнаа доминатно контролирајќи го констатно резултатот од почетокот до крајот на мечот.

Охриѓани првата опиплива предност на семафорот ја имаа после десет минути игра (6-2), а неколку минути подоцна разликата стигна и до плуст шест (9-3). Домашните ракометари со мини серија во финишот ја преполовија предноста и на одмор заминаа со минус три (15-12).

Во продолжението домаќините стигнаа и до минус еден (22-21), но „гладијаторите“ со фуриозен финиш ја вратија најголемата предност од шест голови (28-22) и потоа рутински го спроведоа мечот во мирна завршница.

Овој триумф (ќе) делува мотивирачки за охридските ракометари пред завршницата во Купот на Македонија која ќе се одржи во Битола следниот викенд.

OhridNews