Аспирациите на Амак СП на старот на сезоната беа освојување барем на една титула во сезоната. Завршницата на куп натпреварувањето ќе се игра во Охрид па логично фаворитската улога ќе му се препише на тимот на Лазоски.


Не секогаш на завршницата триумфирал домаќинот. Во Струмица победи Работнички, во Битола Вардар, додека единствено минатата година во Кавадарци триумфираше домаќинот Фени.

 – Се надевам на повторување на минатогодишната традиција. Одговорноста ќе биде поголема, за да се освои купот мора да се добијат трите натпревари, тоа што сме домаќини нема да значи дека ќе биде многу полесно – смета Лазовски кој со тимот на Вардар пред две сезони триумфираше купот кој се играше во салата “Маладост“  Битола.

>>Cпортската арена „Билјанини извори“ по третпат домаќин на Купот

Охрид ги има сите предиспозиици да биде добар домаќин. Организацијата на завршницата на купот ќе биде предизвик за сите во Охрид, клубот, градот медиумите и потребно е да се направи добра организација за “саемот на кошарката“ .

М.П.