Со погодокот на пивотменот Атанас Поп-Стефанија на пет секунди од крајот на мечот охридските сини освоија бод со Пелистер ремизирајќи 22-22 (11-10) во 11-та рунда од Супер лигата. Со второто реми на домашен терен избраниците на охридскиот стратег Горан Андоновски ставија точка на серијата од четири порази во низа.

Натпреварот во „Билјанини Извори“ охриѓани не го започнаа најдобро, особено во нападот каде по 13 минути игра имаа постигнато само два погодоци, а на семафарот стоеше (7-2) за гостите.

По минутата одмор „гладијаторите“ влегоа во гол серија која до 22-та минута ги донесе до „егал“ 8-8, а со голот на Трифуноски и до прво водство од 9-8. Тоа домашните ракометари знаеаја како да го сочуваат до крајот на првиот дел и на одмор заминаа со плус еден 11-10.

На стартот од вториот, охридските ракометари стигнаа до предност од два погодоци, но, место да продолжат тие подзастанаа, а „зелено белите“ возвратија со серија која им донесе нова позитива овој пат од 16-14.

Тогаш се разбуди охридската публика која не ги остави на цедило домашните ракометари. Поддршката од целата сала им даде дополнителен мотив на охриѓани кои го анулираа водството на битолчани и влегоа во драматична завршница.

Во последната минута нападот им припадна на домашните ракометари кои преку Димитриовски не успеаја да ја погодат целта, а тоа го направи Димитриески од гостинскиот табор.

На семафорот стоеше (59:55) кога „пикерот“ Поп-Стефанија со погодок ја круниса маестралната асистенција на Бојан Белевски и донесе историски бод за охридскиот состав.

Со бодот против Пелистер ракометарите на Охрид стигнаа до 11-от сезонава и тоа сите освоени во „Охридската тврдина“.

Охрид : Пецаков (2 одбрани), Китевски, Костески (11 одбрани), Анѓелкоски, Томоски, Андоновски 1, Б. Белевски 1, Мирков, Николовски, Трифуноски 4, Тасески, Поп-Стефанија 3, Соколов 3, Крстески, В. Белевски 3, Димитриоски 7.

Пелистер : Нкуингуа (12 одбрани), Талевски, Игнов, Дрогришки 5, Блажевски 4, Димитриовски 3, Босеовски 1, Рајатовски, Вешовски 5, Димитриески 2, Стефаноски, Нечков, Митревски, Чурлески 2, Божиновски, Печенковски.

Мх.П.