“Тајна “, ” Добро срце” и ” Оние што остануваат” се трите филмови од француската кинематографија што ќе го одбележат вториот ден на Фестивалот  на францускиот филм што се одржува во Охрид.

Проекциите се закажани во 16, 18:30 и во 21 часот во Центарот за култура”Григор Прличев”, а ќе бидат со превод на македонски јазик.

До 5 јули охридската публика ќе има можност да гледа 11 играни и 4 краткометражни филмови од Франција.

Ohridnews