Поради неизмирен долг за потрошена електрична енергија, ЕВН најави дека денеска во 12 ч. од елктросистемот ќе го исклучи ЈП Македоснака радиодифузија – Репетитори.

Поради тоа граѓаните на Охрид нема да се во можност да ги следат програмите на националните телевизии чиј сигнал се пренесува преку репетиторите на јавното претпријатие.

Националните телевизии кои се колатерална штета во спорот помеѓу ЕВН и јавното претпријатие Репетитори се надеваат дека државата ќе се вклучи во решавање на проблемот и нема да дојде до прекин на програмата.

Инаку ЕВН деновиве спроведува акција за дисциплинирање на неплаќачите кои на компанијата и должат 15 милиони евра. Од исклучување на струја не се поштедени ниту здравствени установи, водоводи и други јавни претпријатија, а поради неплатен долг без струја останаа и цели села.

ohridnews