Охриѓаните Димитар и Дамјан Поп-Стефанија учествуваа на 17-тата регатата „Трофео Марчело Компобасо“, во организација на кралскиот едрилчарски клуб “САВОИА“ од Неапол, Италија.
На регатата во трите дена на немирното Тиренско море ветер со јачина до 16 м/сек и бранови над 2 м. учество зедоа 183 едриличари од 20 земји.
Во севкупниот пласман Димитар го завзеде 133 место, Дамјан во категоријата на кадети до 12 години го освои 17 место. Со оглед на силната конкуренција ова е задоволителен настап на македонските едриличари.
Првото место го освои Италијанката Сарлота Омари, кај кадетите најдобар беше Полјакот Симон Буксак.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com