Охридската фудбалска школа „ФК Охрид Топ Тим“ ќе биде дел од квалитетниот турнир „Балканика Куп 2016“ кој ќе се оджри од 17 до 21 февруари во бугарскиот град Сандански.


На турнирот покрај охридските фудбалери ќе настапат бугарските екипи ЦСКА Софија, Левски, Пирин, Ботев, Малеш, Беласица, Черноморец. Екипите на Вардар, Брегалница, Академијата Пандев заедно со охриѓани ќе ја бранат македонската честа, а на турнирот ќе учествуваат и екипи од Грција.

Охридската фудбалска школа со задоволство ја прифати поканата од организираторот и на турнирот во Бугарија ќе настапи со една генарација У-12 (2004 година).

Група А: ФК Охрид Топ Тим, ЦСКА Софија, Вардар, Престиж Кариана, Орлета

Група Б: Левски, Академија Пандев, Витоша, Беласица, Брегалница

OhridNews