Пред очите на охриѓаните Игор Буловски, Томе Пејоски и Горан Трпчески пилотот на Мерцедес, Луис Хамилтон го освои врвот во генералниот пласман победувајќи на трката „Хунгароринг“ за големата награда на Унгарија.


Британецот со третата победа во серија вкупно петта сезонава го запоседна врвот кој до „Хунгароринг“ љубоморно го чуваше тимскиот колега во Мерцедес, Нико Розберг.

Тројцата охриѓани една од највозбудливите трки во шампионатот ја проследија во целост од предквалификациите, квалификациите, трката и доделувањето на наградите.


Ниту поројниот дожд на официјалните квалификации не ги поколеба охриѓани да уживаат во бесценетиот звук од болидите.


Секоја трка во Формула 1 си е своја приказна во книгата од сезоната, па така едно ново поглавје испиша и „Хунгароринг“, но со охридски шмек.


– Сето ова што се случува за време на квалификациите, трката и наградувањето треба да се доживее и не може да се опише со зборови. Формула 1 е специфичен спорт додека трепнеш може да се случи потегот на трката затоа бара максимална фокусираност. – коментираат охриѓани.


Хамилтон ги освои 25-те бодови и аплаузите, но да не биде се во знакот на Мерцедес се погрижи пилотот на Ферари Кими Раиконен кој од 14-то место по голема борба стигна до 6-та позиција.

Михаил Постоловски