Охриѓани уште еднаш ја покажаа својата хуманост на дело. На големиот хуманитарен хепенинг што по повод Неделата на Црвениот крст  вчера се одржа во чаршијата беа собрани 92 единици крв.


ФОТО: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ


Најсреќните тројца крводарители добија вредни награди, кои ги обезбеди обложувалницата „Премиер“. Стојан Јосифоски со талон бр. 177 доби плазма телевизор, Авни Азизоски со талон бр. 176 доби ДВД плеер, а иста таква награда доби сопственикот на талонот со бр. 139, кој до синоќа не беше јавен.


За добро расположение на хуманите охриѓани се погрижија Елена Ристеска и Ламбе Алабакоски кои по настапот се дружеа со обожавателите.


Во рамки на хепенингот НВО „Опција“ делеше едукативни флаери за борба против хепатитот, како дел од активностите за одбележување на Светскиот ден на борба против оваа болест.

Ohridnews
фото: ДИГИТАЛ ФОТО МИКИ