Четврта година по ред Охрид останува без прогласување спортист на градот.Последен пат избор на спортист на годината на Охрид се одржа во февруари 2006, а победи атлетичарот Реџеп Селман.

Мандатот на поранешниот претседател на Сојузот на спортови му е одамна истечен, а пропадна и иницијативата да се избере нов претседател пред речиси две години.

За да тргнат работите од мртва точка беше формирана комисија за организирање годишно собрание уште во ноември лани. До денеска работната група ниту одржа состанок ниту пак организира седница.

M.П.