Охрид Лоте дома, Охрид`04 на гости ќе бркаат нови бодови за одржување во
врвот на табелата во Втората МФЛ. Во Охрид на “Билјанини Извори“,
“градежниците“ го пречекуваат третопласираниот Тиквеш, додека “рибарите“
патуваат во Боговиње кај Дрита.

Доста
битен натпревар за нас, еден од клучните натпревари во есенскиот дел од
сезонава. Квалитетот на екипите во второлигашкото друштво е изедначен и
само нијанси ги одлучуваат натпреварите. Очекуваме победа на дербито и
со нови три бода  да фатиме приклучок кон врвот во табелата
– вели Спасе Панџак од Охрид Лоте.

Тиквеш на трите досегашни гостувања забележа една победа Беласица 3-1, 
еден пораз од Еуромилк 2-1, и  еднаш ремизираше 1-1 со Дрита. Охрид Лоте
на четирите домашни мечеви забележа три победи и едно реми.

Трифуноски за овај меч не може да смета на повредените дефанзивци
Велкоски и Стисниоски, додека неизвесен е и настапот на офанзивниот
играч за врска Димоски.

Охрид`04 во Боговиње, патува кај 11. пласираната Дрита која сезонава
игра топло ладно. Охриѓани патуват комплетни, а со целосен респект на
противникот влегуваат во мечот.

Ја респектираме екипата на Дрита,
која е сериозен противник иако не ги прикажува минатогодишните изданија.
Било кое гостување во втората лига е тешко, посебно кај екипите кои се
во долниот дел од табелата и “гризат“ за секој бод
– вели стратегот на белите Ѓорески.

Дрита во четирите одиграни меча на својот стадион само еднаш се радуваше
на победа и тоа против  Цементарница со 3-0,  два пати ремизираше
Влазними (2-2) и Тиквеш (1-1), а претпре еден изненадувачки пораз од
Локомотива со 0-1.

“Белите“ два порази во досегашниот дел од првенството ги доживеаа на
гости и тоа во првото и седмото коло. Во првото загубија од Локомотива
(2-1), а во седмото од 11 Октомври со 1-0. Еднаш победија , против
Еуромилк со 1-0, а непоразени се вратија од Кавадарци играјќи со Тиквеш
1-1.

Натпреварите започнуваат во 14 часот.

М.П.