По повод Денот на гладта, 16 октомври и Недела на борба против гладта (16-22 октомври), под мотото „ Помислете и на нас” Црвен крст Охрид спроведува кампања за помоШ на најсиромашните наши сограѓани. Активностите се насочени кон прибирање на финансиски средства преку продажба на вредносни бонови и прибирање на доброволни прилози наменети за набавка на прехрамбени производи за подготовка на хуманитарни пакети за социјално најзагрозените семејства од Охрид.
Во текот на Неделата на борба против гладта од 16-22 октомври, во поголемите маркети Ќе бидат поставени видно обележени корпи во кои хуманите сограѓани ќе можат да ставаат-донираат прехрамбени производи кои не се лесно раипливи).
Од Црвен крст со апел до граѓаните, фирмите, институции, согласно своите можности, да се вклучат во хуманитарната собирна акција и дадат свој придонес во олеснувањето на секојдневието на социјално најзагрозените семејства од Охрид и Дебарца.
Свое учество и конкретна помоШ во реализација на кампањата за Денот на гладта најавија ОпШтина Охрид, Градоначалникот на Охрид, Лајонс клубот Десарети, Лајонс клубот Охрид, хотел Силекс, кафе бар шила и голем број на маркети.
OhridNews