Ракометниот клуб Охрид без крилото Малик Хогас и пикерот Елдин Вражалица ќе му се спротистави на Вардар Јуниор во последниот дуел од последното коло од регуларниот дел од Супер лигата.
Хогас замина за Франција поради средувањето на потребните документи за престој во Охрид додека српскиот интернационалец заработи повреда на грбот на тренингот во четвртокот.
По отсуството на Хогас шанса ќе добие Аце Труфиноски додека Иван Тасески без големи проблеми треба да го пополни недостатокот на Вражалица на пикерската позиција.
По мечот со „црвено црните“ кој е закажан за 13 и 30 часот ракометарите на Охрид ќе имаат четири дена слободни, а потоа ги почнуваат мини подготовките за натпреварите во Купот на Македонија и плејофот.
OhridNews