“Не знам, мислам викендов“, се најчестите одговори на прашањето дали знаете кога се одржува Охридскиот пливачки маратон, што ни ги дадоа охриѓани и туристите кои ги затекнавме на охридското пристаниште каде е целта на трката.


На два дена до одржување на охридскиот пливачки маратон, во Охрид ништо не навестува дека ќе се одржи најголемата спортска манифестација во државата. Во градот нема никаква реклама, ниту најмал плакат со кој би се најавил овој спортски настан.

Да не беа  преписките на релација ПК “Охридски Бранови“ – Пливчка федерација на Македонија, аудиториумот немаше да биде запознат ниту со датумот на одржување на маратонот.

Рекламирањето на мартонот веќе одамна е заборавено во пракса, па освен незначителниот број на плакати кои веројатно ќе се излепат на денот на одржувањето на трката, никаков друг рекламен материјал не се печати ниту пак се објавува.


Плакати нема во последниве неколку години. – вели Наум, кој продава бижутерија на кејот. Вообиачено во тој ден има повеќе гужва, но оваа сезона е многу послаба од другите и не очекувам ниту продажбата на сувенири да се покачи за време на маратонот.

Не знам, немам видено, ни плакати ни ништо друго, јас сум рибар и не ме интересира пливањето – вели еден повозрасен скопјанец кој ловеше риба на кејот.

Мислам на 14 , прочитавме во дневниот печат, но не видовме никакви обележја низ градот дека нешто такво се случува – велат група млади скопјани кои вчера пристигнале во Охрид.

Охриѓани  кои ги затекнавме на кејот сметаат  дека и годинава е испуштена шанса  за подобра презентација на Охрид  и Македонија преку престижната  манифестација како што е пливачкиот маратон. – Маратонот не е доволно промовиран, ама по се изледа немаат доволно пари. Најглоемиот проблем е тоа, не можит во пет до 12 да се собираат средства па организаторот да организират. Треба да се планира од еден маратон па до другиот , кога ќе завшри маратонот и да се планира за другиот маратон, не може ништо преќу ноќ – вели кајчарот Томе кој долги години бил дел од флотата на охридскиот маратон.  

Ниту пак  странците кои се сликаа покрај споменикот на Св. Кирил и Методиј, не знаеа дека во Охрид се одржувал маратон во пливање, а уште помалку дека тој се одржува викендов. – Извинете, не` знаеме ништо – кратко ни одговорија неколкумината грци кои ја продолжија прошетката по кејот.

Како и  за све останато така и за рекламата и едните (Охридски Бранови) и другите (ПФМ) је префрлаат одговорноста едни врз други.


Техничкиот организатор ПК “Охридски Бранови“ од Охрид, вината ја гледа во несредените односи со пливачката федерација. Според нив обврската да се рекламира маратонот е на организаторот, Пливачката Федерација на Македонија.

На 24 издание  на маратонот пријавени се 26 маратонци, 16 во машка и 10 во женска конкуренција. Стартот е во 12 часот од Св. Наум. Покровител на оваа спортска манифестација е претседателот на државата Ѓорге Иванов.

М.Постоловски