Светски познатиот цез, фанк и соул изведувач Владимир Четкар го промовираше официјалното видео за песната ‘Heavenly’ од истоимениот албум кој недамна се издаде во Јапонија, еден од најголемите музички пазари во светот.
Јапонската критика со го опиша албумот на Четкар како ‘Раѓањето на новиот винтаџ звук’ и ‘ Големо ремек – дело’.
Видеото е снимено на повеќе локации низ Њујорк ( Менхетен и Бруклин) а во него гостува и светската Ди Џеј-Продуцентска ѕвезда Димитри Фром Париз.
Димитри Фром Париз кој важи за еден од најценетите и најпосакуваните ремиксери во светот направи две ремикс верзии на ‘Heavenly’ кој исто така се наоѓаат на новиот албум на Четкар.
Наскоро албумот ќе се објави во Европа и во САД .
OhridNews