Охриѓанецот Валентин Кочоски кој настапува за Академија Пандев на турнирот „Генерали Цее Куп“ за младинци во Прага на дуелот со Свонси ги постигна трите погодоци во ремито 3-3.
Репрезентативецот во помладите категории само го продолжи голгетерскиот елемент кој го започна ден претходно на мечот со Бохемијанс (1-0).
Со блескавите игри охриѓанецот веднаш го сврти вниманието кон себе и станува сериозен пик на бројните учесници на турнирот во Чешка.
Ohridnews