Охриѓанецот Валентин Кочоски е прогласен за најдобар млад спортист во Струмица за годината што измина.
Кочоски (18) веќе две и пол години е дел од Академијата на Горан Пандев во Струмица, а минатата година за него беше пресвртница во кариерата.
Немилосрдно ги тресеше противничките мрежи во младинската конкуренција, што резултатираше со ангажман од прволигашот Хоризонт Турново.
– Награда за млад спортист е доказ дека сите заедно добро работиме и се наоѓаме на вистинскиот пат, но и мотив повеќе за новата 2015 година – рече Кочоски.
Мх.П.