Охридскиот голман Боби Целески, кој настапува во редовите на Македонија Ѓорче Петров ќе оди на проба во италијанскиот калчолигаш Удинезе.
16-годишниот чувар на мрежата потекнува од охридската фудбалска школа „Еврофудбал“, а стандардно веќе неколку години настапува во младинските селекции на Македонија.
Со него на голот и останатите охриѓани Иван Горгиески и Иво Наумовски во составот, тимот на Македонија ЃП се наоѓа меѓу врвот во македонскиот фудбал.
Мх.П.