Повремениот македонски репрезентативец Гоце Толески на крајот од сезона во чешкиот шампионат повторно се враќа во Славија Прага од каде во зимскиот преоден рок беше позајмен во Сигма Оломуц.

Охриѓанецот не се прослави во “синиот“ дрес каде во досегашниот дел не успеа да ја затресе противничката мрежа. Толески со Славија има договор до крајот на годината.

М.П.