Повремениот македонски репрезентативец Гоце Толески по само шест месеци минати во Ренова, можно е да ја промени средината. Охриѓанецот има договор со актуелниот македонски првак уште шест месеци но отворен е за разглеувањето на понудите кои доаѓаат од надвор. Клуб од Далечниот Исток од Кина стапил во контакт и посакува да го ангажира искусниот напаѓач.


 – Рано е се уште да се каже нешто конкретно. Само што заврши сезоната, сега сум на одмор, па потоа ќе видиме што како за иднината. Точно е дека  има нешто за во Кина, односно има и конкретна понуда која вреди да биде разгледана. Но јас имам уште шест месеци договор со Ренова, па поради тоа ништо не се знае. Доколку дојде нешто примамливо од странство можно е да си заминам летово, но доколку не тогаш останувам во Ренова – вели Толески во изјава за дневниот спортски весник “Македонски Спорт“.

Ренова годинава ја освои првата титула во својата клупска историја и обезбеди учество во квалификациите за лигата на шампиони.

М.П.