Охриѓанецот Гоце Толески одигра еден час за екипата на Сигам во гостинската победа над Либерец со 0-1.Стрелец на голот беше Јанотка во 90 минута. Толески играта ја напушти во 60 минута, а на своето конто додаде само жолт картон.


За Толески ова беше шести настап сезонава во синиот дрес на Сигма и се уште чека на својот првенец во новиот клуб. Сигма по 25 одиграни кола со 40 бода се наоѓа на петтото место.

М.П.