Триесет и осум годишниот планинар од Охрид, Мишко Танески, го освои врвот.Ајланд Пик (6189 метри  н.в.) на највисокиот планински масив на светот – Хималаите. Подвигот како што информира семејството на Танески со кое тој утрово стапил во контакт преку сателитска врска, се случил во 5.30 часот по македонско време.

Мишко Танески е дел од експедиција што ја предводи искусниот српски планинар Драган Јаќимовиќ, во која има уште тројца Македонци.


По Килиманџаро, Танески го развеа македонското знаме и на Хималаи

Врвот Ајланд Пик е еден од потешките за искачување бидејќи во последните 1000 метри има и алпинистички дел. Пред заминувањето на Хималаи, Танески ни изјави дека искачувањето на овој врв е во рамки на сегашните негови можности, пред се заради идните планови да го освои  врвот Аконкагва во јануари. Танески  зад себе ги има освојувањата на Килиманџаро и Мон Блан, а се надева дека во книгата на трофеи ќе го вброи и највисокиот врв на светот Монт Еверест.

Ohridnews