Охриѓанецот Стевчо Шулески е одреден да ја води фудбалската правда на инагурацискиот меч на Тетекс против Миравци денес во Тетово. Тетовскиот прволигаш за кој настапува охридскиот напаѓач Аце Толески е на бод од промоција во прволигаш.

Тетекс е еден од најстарите клубови во Македонија, но од осамостојувањето  само во првата сезона 1993/93 беше дел од Македонската Прва лига.

Помошници на Шулески ќе бидат Лазе Чакарески и Ацо Мацески од Струга. 4- ти судија е Марајан Маркоски.

М.П.