Охриѓанецот Селман Реџеп по настапот на ЕП кое во почетокот на март се одржа во Англискиот град Бирминген и Балканијадата во Софија,во дресот на репрезентацијата ќе се појави на уште едно големо натпреварување,ЕП за атлетичари до 23 години које ќе се одржи во Унгарија.
Унгарскиот град Дебрецин од 12-15 овој месец ќе биде домаќин на најдобрите атлетичари од стариот континент кои не се постари од 23 години.
Своето место меѓу нив го најде и охриѓанецот Селман Реџеп кој ќе настапи во трискок.
Реџеп веќе една година е во Германија каде под окото на тренерот Андреас Генц тренира во А.К.Келн.Селман Реџеп во Унгарија ќе отпатува со личниот рекорд во трискок 15,11 метри кои ги прескокна мината недела на Балканското првенство во Софија.
Предходниот најдобар резултат на Реџеп беше 14,72 метри.Покрај ова Селман Реџеп забрзано се подготвува и за Светското атлетско првенство кое од 25 август до 2 септември ќе се одржи во Јапонскиот град Осака.
Тука Селман уште еднаш ќе се сретне со најдобрите во оваа дисциплина.На светската ранг листа најдобрите тројца се Швеѓанецот Кристијан Олсон,Бразилецот Грегорио Жадел и Американецот Волтер Дејвис.
Годинава во почетокот на месец мерт Селман учествуваше и на 29-то Европско првенство. Тој на двапати го освојуваше признанието Спортист на Охрид , носител е и на осмодекемвриската повелба “Св.Климент Охридски“ .
Ненад Цветанов