Охриѓанецот Реџеп Селман ќе ја претствува Македонија на ЕП во атлетика во сала што од 2-4 март ќе се одржи во Бирмингем- Англија. Селман, кој израсна во АК Охрид, ќе настапи во дисциплината трискок на отворањето на шампионатот. Квалификациите во трискок според веќе утврдената програма ќе се одржат на 2 март во 10 ч.


стадионот на кој ќе се оджи ЕП во Бирминген

Реџеп Селман за настапот на ЕП во сала се подготвува во Германија, каде во  јануари тој настапи на три атлетски митинзи. На натпреварот во  Мунстаг на 5 јануари Реџеп го освои 2-то место со скок од 14,19 м, на митингот во Леверкузен на 13 јануари повторно беше втор но со подобар скок, 14,38 м, додека на атлетскиот митинг во Дортмунд што се одржа на 27 јануари Селман скокна 14,34 м. што  беше доволно за 4 место.


Реџеп во акција

Инаку Реџеп Селман од 3 мај е дел од тренинг центарот на ИИАФ во Германија како дел од Б стандард  проектот на светската атлетска асоцијација  (“IAAF ‘B’ Standard Project”). 

Г. Момироски