Охриѓанецот Сашо Топалоски триумфираше на tattoo фестивалот во Скопје, што се одржа викендов. Тој ја освои првата награда во категоријата Realistic tattoo.
Сашо Топалоски
Топалоски(лево) триумфираше на тату фестивалот во Скопје
Тетоважата која на Топалоски му го донесе првото место е насловена како „Death Dealler“ . На неа е претставен воин во борба против злото. Тетоважата на десната рака на Топалоски ја изработил тату мајсторот од Охрид Митко Јованоски кој на неа работел од октомври минатата година, до февруари годинава.
тетоважата на раката на Топалоски „Death Dealer“
охридската екипа на тату фестивалот
На тату фестивалот во Скопје имаше мајстори од Србија, Бугарија, Турција, Словенија и од Украина.
ohridnews