Охридскиот пикадо мајстор, Сашо Максимоски се пласираше на високата 17-та позиција на екстра квалитетниот турнир кој се одржа од 7 до 9 април во Германија.
На турнирот „Германија Опен“ учествуваа вкупно 852 натпреварувачи од целиот свет, а охриѓанецот успеа да влезе во финалниот круг и му недостасуваше многу малку да се пласира во најдобрите десет.
Со пласманот на 17-та позиција Максимоски освои важни бодови за напредок на светската ранг листа на која моментално се наоѓа на 299-то место.
Фото: Архива
OhridNews