Охриѓанецот Сашо Максимоски-Карпуз со само три одиграни турнири во пикадо успеа да се пробие меѓу најдобрите триесет пикадо мајстори во Источна Европа.
Максимоски во главниот град на Романија, Букурешт по трет пат настапуваше на турнир со меѓународен карактер, а учествуваа 500 квалитетни натпреварувачи. Тој на турнирот загуби во финалните битки во групата што беше доволно за пласман на 28-та позиција во генералниот поредок. Претходно, охриѓанецот со успешност настапуваше на турнирите во Апатин Србија и во бугарската престолнина Софија.
Тој упатува јавна благодарност до Александар Ѓурчев (Сити Хостел Охрид), Стефан Маркоски, Теодор Грамошли, Владо Митан, Владимир Јанев, Владимир Чобан, Куба Либре, Пицерија Леонардо, Грамос Дизајн, Хотел Александрија, Охридски бисери Мишо Филев, сметководителската фирма Јанко Трети, Вила Таба, Спортски центар Климент Колески, Објектив, Вила Бисер, Хотел Филип, Шопинг УСА и Номче Петровски за финансиската помош при патувањето и тренирањето за големите натпревари.
OhridNews