Охриѓанецот Сашо Максимоски – Карпуз, првиот Македонец кој се натпреварува професионално во светската серија „WDF“ во пикадо, на неодамна одржаниот меѓународен турнир во Софија, Бугарија, во конкуренција на 128 играчи, оствари пласман меќу 16-те најдобри на натпреварот.
Максимоски загуби од шампионот на Западна Европа и воедно победник на турнирот во Софија Костас Робо. Тој истакна дека турнирот бил ново големо искуство за него, изразувајќи благодарност за гостопримството со кое бил пречекан, посебно на домаќинот Мирослав Петров.
Благодарност за поддшката Максимоски изрази и до помагателите: „Куба либре“, Владимир Чобан, Пица „Леонардо“, Хотел „Александрија“, „Грамос компани“, „Класик компани“, „Shoping USA“, ТА „ВИС ПОЈ“, Консалтинг и сметководство „Јанко Трети“, „Антони ли“, бутик „Авангард“, бутик „Паренцо“, менувачница „Мумин и Метин“, вила „Табана“, Владо Митан, Охридски Бисер – Мишо Филев и Филип Четкар.
Со постигнатиот успех, Максимоски обезбеди доволен број бодови за настап на меѓународниот турнир “Tukrish Open” што оваа есен ќе се одржи во Анталија, Турција. Тој најави учество на овој турнир доколку ги обезбеди потребните средства.
Г.М.