Универзитетскиот професор д-р Рубин Земон, ќе ја извршува функцијата в.д. претседател на Алијансата за позитивна Македонија. Вака одлучи Главниот Одбор на партијата на седницата одржана вчера, на кој биле избрани органите и телата на партијата.
Покрај охриѓанецот Земон, во раководната структира на партијата уште се: Сашо Богданоски, потпретседател на АПМ, државен службеник; Оливера Николова, потпретседател на АПМ, консултант; Сашо Милкоски, потпретседател на АПМ, приватен стопанстевник и Цоки Ристовски, секретар на АПМ, државен службеник.
На седницата избрани се членовите на Извршниот одбор на партијата: Проф. д-р Симеон Гелевски, пензинер, поранешен претседател на Врховен Суд на Р.М.; Проф. д-р Филип Дума, универзитетски професор, Центар, Скопје;Проф. д-р Ѓорѓи Тоноски, универзитетски професор; Проф. д-р Златко Димоски, универзитетски професор; Дијана Марковиќ, професор по одбрана, Аеродром Скопје; Симона Ристевска, дипл. политиколог, Кисела Вода, Скопје; Тодор Пендаров, новинар, државен службеник, Карпош, Скопје; Дукадин Маневски, лекар специјалист, Кавадарци; М-р. Никола Шалваринов, магистер по меѓународно право, Центар, Скопје;. Асмир Алилспахиќ, адвокат, Петровец, Скопје; Гордана Ѓеорѓиевска, правник, Гостивар; М-р. Бојан Захариев, магистер по спортски менаџмент, Ѓорче Петров, Скопје; Медо Балиќ, приватен стопанственик, Чаир, Скопје.
За извршни секретари на партијата се избрани: Антонио Секулоски, Антигони Миленкоска, Џевдет Халими, и Сашо Атанасов.
„Главниот одбор оцени дека партијата во наредниот период треба да игра активна улога на политичката сцена на Македонија, околу зајакнување на политичкиот центар, промовирање на граѓанскиот концепт, либералните идеологии, како и понатамошното демократизирање на сите пори на македонското општество. Почитувањето на правната држава, одвојувањето на партиите и државата од изборниот процес, промена на изборниот систем и изборниот модел во Македонија, воспоставувањето на општествената правда и еднаквите можности за сите граѓани, итно зачленување на Република Македонија во ЕУ и НАТО, развојот на мултикутурното општество и интеркултурализмот, заштитата на човековите права и подгинувањето на животниот стандард во Македонија, се приоритетите за кои што ќе залага Алијанста за позитивна Македонија во наредниот период.“ – се вели во соопштението на АПМ.
OhridNews