Охридскиот фудбалски бисер Ристе Марковски со одличните игри сезонава во дресот на Напредок доби повик во македонската репрезентација, а според Екипа.мк заинтересиран за неговите услоги е актуелниот шампион и лидер во Првата македонска фудбалска лига, Вардар.

Поранешниот фудбалер на Охрид, неколку сезони е незаменлива алка во составот на охридскиот фудбалски стратег Драган Бочевски. Првата полусезоната играта и квалитетот на кичевскиот тим доби еспанзија што резултираше со високото трето место во лигата веднаш зад  Хоризонт Турново и Вардар.

Инзводредните игри и резултати на Напредок не останаа незабележаните од селекторот на македонската фудбалска селекција, Чедомир Јаневски. Тој за пријателскиот натпревар со Полска повика четири фудбалери од кичевскиот состав.

Охриѓанецот Маркоски не е единствениот фудбалер кој е на радарот на “големите“ екипи од Првата македонска фудбалска лига. Дефанзивецот Филип Најдовски е пред трансфер во Металург, а таму се враќа и напаѓачот Марко Симоновски откако му заврши временската позајмица во Напредок.

Најдобриот стрелец со шест голови во тимот на кичевчани, Куштрим Балажи е на прагот да ја засили екипата на Шкендија.

Мх.П.