– Многу сум задоволен од професионалната работа со младите фудбалери во акедемијата. Имав можност да тренирам со познати тренери и млади фудбалери кои доаѓаат ширум Европа. Од тоа како се покажав на тренинзите и контролните натпреварите добив позитивна оценка, деновиве очекувам и конкретна понуда околу мојата понатамошна кариера – истакна Енгин Реџеп по доаѓањето од Романија.
Приликата на Реџеп да присуствува во една од најдобро организираните академии за млади фудбалери му ја овозможи ФИФА менаџерот Алфред Боде.