Охриѓанецот Томче Речкоски го засили кичевскиот прволигаш Напредок. Тој со „ѓаволите“ потпиша договор до крајот на сезоната со можност за продолжување.

Сезонава не им оди баш најдобро на кичевчани во Првата лига и со 13 бодови се наоѓаат на претпоследното место на табелата.

Речкоски своевремено настапуваше за Охрид, а имаше и кратка одисеја во прилепски 11 Октомври.

Мх.П.