Комитетот за Спринт при Македонска кајакарска федерација на редовна седница избра нов селектор, тренер и помошен тренер на Македонската репрезентација за кајак на мирни води.

За селекотор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води е избран Радован Попоски од Кајак кану клуб „Стрмец“ од Охрид. За тренер на репрезентацијата е избран Николиќ Илија од ККК „Дрим Струга , а за помошен тренер е избран Константин Дејкоски од ККК „Дрим“ од Струга

Ново избраниот селектор на Македонската репрезентација во кајак на мирни води Радован Попоски најави успешни и навремени припреми на репрезентацијата за учество на Светско јуниорско првенство во кајак на мирни води кое ке се одржи во Сегедин – Унгарија во месец јули.

Ohridnews