Охриѓанецот Петар Поповски од страна на Министерството за наука на Данска е прогласен за Млад елитен истражувач за 2008 година, за постигнати исклучителни истражувачки научни резултати во светски рамки.

Престижната награда на Поповски му беше врачена вчера на свечена  церемонија одржана во Музејот „Глиптотек“ во Копенхаген, во присуство на данскиот министер за наука Хелге Сандер, како и членови на данското кралско семејство. Поповски наградата ја добива за исклучителните научни резултати, неговата научна квалификуваност и продуктивност, видена низ бројните публикации и патенти, како и широкото искуство во менаџирање на истражувањата и образување на студенти.

Поповски го доби прeстижното признание за пронаоѓање нови техники за справување со интерференцијата во тие мрежи, кои ќе овозможат уште побрзи и поквалитетни безжични Интернет-конекции. За натамошни научни истражувања во таа област, Министерството за наука на Данска на Поповски му стави на располагање 400 илјади евра.

Охриѓанецот Петар Поповски е дипломиран електро-инжењер, првенец на Електротехничкиот факултет во Скопје во генерацијата  1997. Магистрира во 2000 година на Електро-техничкиот факултет , каде и привремено работи како асистент, во Институтот за телекомуникации.  Во 2001 година заминува за Данска, на докторски студии во Универзитетот во Алборг. Од 2004 работи како доцент на Универзитетот во Алборг. Од 2008, покрај универзитетската позиција, работи и како експерт за бежична технологија во „Отикон“, фирма за високотехнолошки апарати за слушање. Петар Поповски во Данска живее со синот и сопругата Искра, исто така вработена во Универзитетот во Алборг.

Ohridnews