Охриѓанецот Чеди Осман беше МВП во финалниот натпревар на турнирот во Искар Шпанија. Осман како член на турската репрезентација под 16 години го совлада домаќинот Шпанија со 90-86.Осман мечот го заврши со 27 поени и два скока. Во текот на првенството тој имаше просечно (12.8п , 2.5 скока, 1.8ас, 1.8 украдени топки).


Охриѓанецот кој игра на позицииите “еден“ или “два“ е висок 1.95 и е член на подмладокот на Ефес Пилсен повеќе од две години. Веднаш по доаѓањето во тимот добил турско државјанство и станал дел од селкцијата до 16 години, која на лето ќе игра на европскиот шампионат А дивизија.

Постариот брат на Чеди, Цанер пак е дел од македонската репрезентација за кошаркари под 20 години.

М.П.