Кошаркарската селекција на Турција до 20 години предводена од охриѓанецот Чеди Осман го освои златниот медал на Европското првенство во Грција.
Чеди Осман во финалето против Шпанија (65-57) одигра маестрален натпревар постигнувајќи 20 поени и седум скокови. Со овие бројки и учинокот од мечевите на целиот турнир сосема заслужено Осман ја освои наградата за најдобар кошаркар на турнирот.
Македонската кошарка од секогаш изобилувала со раскошни таленти, но не секогаш успеавела да ги задржи под своја закрила поради слабиот квалитет на лигата и условите кои се далеку од оптимални.
Мх.П.