Познатиот ди џеј, перкусиунист, музички селектор и тапанар, Никола Тони повеќе од два часа ги забавуваше присутните Карпошовото културно лето пуштајќи електронска музика.

Охриѓанецот со својот перформанс создаде една одлична музичка атмосфера и вечер за паметење на овогодинешното карпошово лето.

Својот музички талент, Никола Тони го прошири и надвор од границите на Македонија. Во 2012 година со шпанскиот продуцент Дани Кохиба ја снима песната „ Lose Control“, со што се пробива и на светскиот музички пазар.

Убавата вечер во манифестациајта во Карпош беше комплетирана со изложбата на фотографии на Филип Зафировски.

OhridNews