Охридскиот историчар и архивист Никола Митровиќ – Бабе ќе биде дел од историската фела која ќе снима документарни филмови за историјата на Македонија. Документарните филмови се снимаат од различни продукциски куќи и опфаќаат различни тематики, настани, личности од македонската историја.

Митровиќ кој по трет пат ќе учествува во подготовката на документарен филм за македонската историја, вели дека за него ова е особена чест и задоволство, а пред сé привилегија.

– Тоа останува за навек и тоа се дела на кој особено сум горд, застанувајќи рамо до рамо со најголемите еминетни историчари во Македонија, а дел од нив се и целосно автори на содржината на документарните филмови. Тоа значи дека и вас како професионалец, во доменот на историјата со архивистиката и историјата Ве ценат и почитуваат на стручно поле. Иако работата со архивистиката и стари документи кои бараат дешифрирање и одгатнување на нивната содржина не е толку јавна и достапна до јаввноста сепак тоа е нешто што се вреднува во историската област, вели нашиот сограѓанин.

Митровиќ се надева дека многу набрзо ќе се започне и со снимање на серијал историски документарни филмови за градот Охрид со што ќе се оствари неговата желба и должност која ја чувствува кон својот град.

Документарниот филм на кој ќе учествува Никола Митровиќ – Бабе започнува со снимање наредната недела во Скопје, а неговото прикажување е предвидено да се случи за три месеци.

OhridNews