Играчот за врска на Победа Климент Настоски црвениот дрес ќе го замени за зелено-бел и во новата сезона ќе ги брани боите на новиот премиерлигаш во БиХ, Олимпик Сараево.

Охриѓанецот Настоски кој се обврза на двегодишна верност во новиот клуб ќе работи под палката на Хусреф Мусемиќ .


Олимпик Сараево настапува на стадионот “Грбавица”, а своето деби за новиот клуб Климент Настоски се очекува да го има на 1 август против Модрича.

ohridnews